ЃОРЃИЕВСКИ, КИСЕЛА ВОДА : 40KM УЛИЦИ, 2 ГОДИНИ 1 300 ПАРКИНГ МЕСТА

0
355

#40kmУлици #2години #1300ПаркингМеста

🔙 Кога пред две години застанав на чело на општина Кисела Вода, имав визија за тоа во какво место сакам да живеам и јас, моите блиски и сите мои сограѓани.

🛣️ Улиците низ општината не беа санирани по 30, 40, па и по 50 години што резултираше со видливи оштетувања.
Тоа веќе не беше само естетски проблем, многу од нив повеќе не беа безбедни за одвивање на сообраќајот.

💡Нашите големи идеи донесоа сериозни промени.

☝️Ден по ден, метар по метар, работејќи етапно, населба по населба, после две години, успеавме целосно да ја промениме сликата за нашата општина.

📍Со инфраструктурната обнова беа опфатени Пржино, Црниче, населба и село Драчево, Потстаница, 11 Октомври Бараки, 11 Октомври Згради, Пинтија, Усје, Цветан Димов, стара Кисела Вода или досега се асфалтирани улици во должина од над 40 километри и поставени павер елементи во должина од преку 6 километри.
🅿️ Направивме и нови 1300 паркинг места за две години, иако ветив 1000 за целиот мандат.

💪 Тука не застануваме, продолжуваме, заедно со вас, Кисела Вода да ја правиме подобро место за живеење!

Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.