♻️ За почисто Скопје – го чистиме Скопскиот Аквадукт во рамки на акцијата GENERALKA WEEKEND’25!
♥️ Денес сме кај Скопскиот Аквадукт, заедно со претседателот на Република Македонија Gordana Siljanovska Davkova, вицепремиерот Изет Меџити, колегата Висар Ганиу, Амбасадорот на Австрија Мартин Памер, министерката за образование Весна Јаневска и стотици волонтери, за да дадеме поддршка и да спроведеме една мошне важна и значајна иницијатива – GENERALKA WEEKEND 25.
Се работи за национална акција за чистење што ја организира ,,МЕН ЕНД МАУНТИН” и зад која веднаш застанав како Претседател на ЗЕЛС, како градоначалник и како човек на кој му е важна чистата животна средина.
✔️ Сметам дека сите треба да дадеме целосна поддршка и уверен сум дека ова не е само еднодневен ангажман, туку симболичен и суштински поттик за системски пристап кон унапредување на хигиената и односот кон животната средина во сите општини.
Особено значење има тоа што денешното отворање се случува токму тука – кај Скопскиот Аквадукт – место со голема историска и културна важност, но истовремено, би рекол и ,,жртва” на долгогодишна негрижа.
☝️ Затоа, денешната акција не е само чистење отпад, туку и обид за враќање на вредностите и вниманието кон јавниот простор, кој ни припаѓа на сите.
За жал, Скопје никогаш не било во полоша состојба кога станува збор за јавната хигиена. Недостигот од одржување, неорганизираниот пристап и очигледната негрижа доведоа до состојба во која главниот град е полн со отпад, диви депонии и запуштени површини. Градоначалничката на Скопје не ја врши својата работа – и неопходноста од ваквите акции, иако благородни, се сведоштво дека институциите кои треба да се грижат, молчат или не дејствуваат.
Во Кисела Вода, каде што сум градоначалник, за последните три и пол години се расчистени 157 диви депонии.
Акции за чистење организираме редовно, а GENERALKA WEEKEND веќе еднаш успешно ја спроведовме.
Овој пат настапуваме уште помасовно – денес во нашата општина се чисти на неколку локации, со вклучена општинска администрација , сезонски работници и најмладите, учениците од основните училишта.
Чистата животна средина не е само слика – таа е предуслов за здравје, достоинствен живот и одговорно општество.
Ако сакаме почисти улици, поубави паркови, поздрава иднина – мораме сите да бидеме дел од решението. Ваквите настани се важни, но уште поважно е оваа енергија да се пренесе во секојдневието, во секојдневната работа на институциите и во навиките на сите граѓани.
♥️ Горд сум што денес тука се и Претседателката на државата, министерот за животна средина, бројни јавни личности, активисти и граѓани. Ова е порака дека општествената одговорност не познава функција или титула– таа е наша заедничка обврска.
♻️ Нека GENERALKA WEEKEND 25 биде потсетник – дека кога ќе се здружиме, можеме да направиме вистински, опипливи промени.
❗️Денес чистиме, но од утре – бараме континуитет, системска грижа и одговорност!
#НајдобротоДопрваДоаѓа!