Thursday, February 6, 2025
9.8 C
Skopje

ЃОРЃИЕВСКИ: ЗАЕДНО СО КОЛЕГАТА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ЧАИР, ВИСАР ГАНИУ, БЕВМЕ ВО ПОСЕТА НА ШУТО ОРИЗАРИ

Најдоброто допрва доаѓа! ♥️

️ Денес, заедно со колегата градоначалник на Општина Чаир, Висар Ганиу, бевме во посета на Шуто Оризари.

☝️Бевме да ги слушнеме проблемите на граѓаните, се сретнавме со нив и разговаравме за она што им е најпотребно.

☕️ Остваривме средба и со градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, како и претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ од оваа општина Ерџан Демир, при што ни беше презентирано и неговото работење и проекти кои се преземени во неговиот мандат до сега.

Како Претседател на ЗЕЛС бев запознаен со проблемите на Општина Шуто Оризари и нејзините граѓани, но и дадов потстрек и поддршка за ефикасна подготовка на проекти од општината со цел целосно и ефикасно користење на средствата од Владата за инфраструктурни проекти.

На Чаир и Шутка им е потребно да се направи ново поврзување со што значително би се растеретил и олеснил сообраќајот, тоа беше една од поглавните теми на оваа наша средба.

️ Потребно е и проширување на булеварот ,,Македонска-косовска бригада”.

Во Шуто Оризари, потребен е и нов културен центар, каде што Градот би помогнал со издвојување на средства од програмата за култура за кој веќе има одредена локација, довршување на партерното уредување на спортстката сала како и уште многу проекти кои, со поддршка новата градска администрација ќе бидат реалност.

♥️ Луѓето од левата страна на Скопје имаат сериозни проблеми и предизвици.

Во мене тие секогаш ќе најдат поддршка и подготвеност за помош.

Скопје повторно ќе биде горд град!

Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

ОВАА НЕДЕЛА

ОЈО: СОПРУГАТА НА ПЕЦЕ МИРЧЕСКИ КОРИСТЕЛА ВОЗИЛА СО ШОФЕР ОД ФИРМА СО КОЈА ТОЈ СКЛУЧУВАЛ ТЕНДЕРИ

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно...

ОБЈАВЕН ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА 47 ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

Советот на јавни обвинители објави оглас за избор на...

ТЕПАЧКА МЕЃУ ДВАЈЦА ДОКТОРИ ВО ОПЕРАЦИОНА САЛА ВО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО ШТИП

Секторот за внатрешни работи во Штип информираше за пријава...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ