ЃОРЃИЕВСКИ : ЗАЕДНО СО БОРКО РИСТОВСКИ ДЕНЕС НА ПЕЛЕНИЦА СМЕ НА ТРАДИЦИОНАЛЕН ИЗЛЕТ СО НАШИТЕ ДРУГАРЧИЊА ДЕЧИЊАТА ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА

0
104

🍀 Излет на Пеленица со моите најдобри другарчиња, дечињата со церебрална парализа

🏞️ На мое големо задoволство, заедно со Borko Ristovski денеска повторно се дружевме со децата со церебрална парализа, на нашиот веќе традиционален излет во Пеленица.

♥️ Овие дружби се значајни за сите нас, бидејќи се прекрасна можност за сите нас да се поврземе, да се поддржиме и да создадеме моменти на радост и заедништво.

✌️Како човек и како градоначалник секогаш се залагам за подигнување на јавната свест за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат лицата со церебрална парализа.

♿️ Мојата заложба е да работиме сите заедно кон подобрување на нивните права и можности за што понезависен, посамостоен и целосно интегриран живот во нашето општество.

✅ Една од моите бројни активности во оваа сфера е отворањето на клубот за лицата со церебрална парализа во Расадник, кој го финансирам лично заедно со лицата од мојот кабинет.

Овој клуб е место каде децата се дружат и социјализираат, каде создаваат нови пријателства и уживаат во различни активности. Често сум гостин во клубот и можам да видам колку е значајно за нив да имаат вакво место каде се чувствуваат прифатено и поддржано. Лицата со церебрална парализа не смеат да бидат маргинализирани.

🤝 Тие се дел од нашата заедница и заслужуваат поддршка и разбирање.
🫵🏼 Со ваквите дружења и настани, се надевам дека им го разубавуваме секојдневието и им покажуваме дека не се сами во своите предизвици.