
„Olympia Fitness“ ќе се простира на површина од 2.850 квадратни метри, нудејќи врвни услови за тренинг, фитнес, кросфит, јога, аеробик и бодибилдинг. Проектот ќе отвори и нови 20 работни места за жителите на општината.

„Ова не е само објект, туку вистинско место за промоција на здрав живот, спортски дух и личен развој. Инвестицијата покажува дека Кисела Вода станува препознатлива како стабилна и отворена средина за инвестирање“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој му се заблагодари на инвеститорот за визијата и довербата, потенцирајќи дека ваквите проекти се резултат на зголемената доверба што општината ја ужива кај бизнис-заедницата.

„Ќе продолжиме да градиме општина во која инвестициите и спортот имаат своја иднина. Работиме посветено, законски и со визија за модерна Кисела Вода“, порача градоначалникот.