Tuesday, March 18, 2025
2.8 C
Skopje

ЃОРЃИЕВСКИ: ВО ГОЛЕМ ПОЖАР КОЈ ИЗБИ ДОЦНА НОЌВА ВО ЗГРАДА ВО КИСЕЛА ВОДА ИМА ПОВРЕДЕНИ, ДВАЈЦА СТАНАРИ, ЕДЕН ПОЛИЦАЕЦ И ПОЖАРНИКАР

Голем пожар изби доцна ноќва во зграда во Кисела Вода, наспроти општината и за жал, има и повредени – двајца станари и еден полицаец и пожарникар.

Еден стан е целосно изгорен, а неколкуте зафатени ги оставија станарите под ведро небо вечерва.

♥️ Веднаш со мојот тим се упативме на местото на настанот. Жителите на оваа зграда се евакуирани и во моментов се во мојот кабинет, на безбедно и топло и тука ќе останеме заедно.

Заеднички ќе најдеме решение за сѐ ова, мојот народ не го оставам на милост и немилост!

Сакам да се заблагодарам на екипите на Противпожарната бригада од Скопје и МВР кои со својата професионалност беа на висината на задачата и пожарот е локализиран, што е најважно нема човечки жртви.

Исто така сакам да изразам благодарност и на соседите за нивната смиреност, заедно спречивме голема катастрофа.

✔️ Оваа ноќ ќе ја поминеме заедно, ќе најдеме и преноќиште а уште рано наутро ќе помогнеме со сите расположливи ресурси и оваа трагедија, заеднички ќе ја надминеме!

Фејсбук статус на градоначакникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

ОВАА НЕДЕЛА

НИКОГАШ НЕ СМЕ БИЛЕ ПОБЛИСКУ ДО МИРОВЕН ДОГОВОР, ВЕЛИ БЕЛАТА КУЌА

Никогаш не сме биле поблиску до мировен договор отколку...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ