Денес како ЗЕЛС, заедно со Министерството за локална самоуправа сме домаќини на 23 состанок на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Македонија и Комитетот на регионите на ЕУ.
☝️На овој состанок, на наша чест присуствуваа и шефот на Европската делегација Стефан Худолин, Патрик Молиноз која е претседател на Комисијата за државјанство, владеење и институционални работи при Европскиот комитет, Радослав Настасијевиќ Варџински, заменик министер за дигитална транформација.
☝️ЗКК, уште од 2008 има за цел да ја подготвува основата за проширување на ЕУ и воспоставување на дијалог помеѓу локалните власти.
♂️ Делегатите на ова тело се од редовите на градоначалници и советници од Македонија и од земјите на ЕУ.
✌️Ние сме свесни за улогата на локалните власти во процесот на пристапувањето на претстојните преговори за членство на Македонија во Европската Унија, бидејќи 70% од европското законодавство се имплементира на локално ниво.
И затоа нашата главна задача, како општини, е да им ги доближиме на граѓаните европските стандарди и практики.
❗️Но, наместо да се фокусираме на овие активности, ние се соочуваме со постојани условувања што ни ги наметнува овој или оној сосед.
️ На состанокот, ги информирав колегите градоначалници и советници од градовите и општините од ЕУ за состојбите со Бугарија.
Ставот на Македонија беше изнесен пред десеттина дена од Премиерот Мицкоски на Европскиот самит во Салцбург, каде истакна дека државата ни е блокирана од нерационален и билатерален спор, а отстапки се бараат само од наша страна, но не и од другата.
☝️Информирав и дека Владата започна со сериозна поддршка на локалната власт, како во делот на реализација на инфраструктурни проекти, така и во долгогодишните барани реформи на локалната самоуправа од страна на ЗЕЛС, за што сме благодарни.
☝️Како приоритет е дискусија за воведување на комунална полиција, како и поддршка во делот на воведување на дигитални услуги за граѓаните.
Ние продолжуваме кон нашите зацртани цели и ќе успееме, колку и да е трнлив тој пат.
❤️ Македонија и нашиот народ го заслужуваат најдоброто!
Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.