дружението на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) ќе работи на измени во Законот за локална самоуправа со цел да се најде механизам за смена на градоначалник. Преголема е моќта на градоначалниците и таа треба да се ограничи, изјави претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела вода Орце Ѓорѓиевски.
Тој потенцира дека градоначалник може да се смени само на избори и смета дека треба да се ограничи нивната моќ, па тогаш градоначалникот ќе знае дека може да го почне, но не значи дека ќе го заврши можеби мандатот до крај, па логички е дека ќе размислува за нешто да реализира.
Градоначалникот изјави дека по големиот пожар во Расадник, како што изјавил и за медиумите, нема да се гради ништо, затоа што напрво, за да се гради, треба да се донесе ДУП.
За разлика од минатото и концептот од минатото, каде што во Расадник требаше да се изврши груба бетонизација од мојот предходник, од редовите на Социал-демократскиот сојуз, тоа е бившиот градоначалник на Кисела Вода, мојот концепт, кој што го понудив беше поинаков, граѓаните го поддржаа и тој концепт станува пракса. Почнува во пракса да се реализира, а тоа значи во првиот дел од своето ветување, јас кажав и заврши успешно објавување и избор на меѓународен конкурс за идејно решение за Расадник. По завршената постапка треба допрва да се нарача изработка на ДУП, вели градоначалникот.
Во однос на барањето на ЗЕЛС за зголемување на казните за создавачи на диви депонии вели дека инспекцијата постапува по тарифници, но дека глобите се премногу ниски. Доколку ова барање на ЗЕЛС се прифати, според Ѓеорѓиевски, ќе се влијае на причинителот на сето тоа, а не како досега да се занимаваме со последиците.
Со казни во висина од три до пет илјади евра и со можност за одземање на возилото на сторителот, на тие 2-3% од населението кое што поради нивната несовесност страдат сите наши сограѓани, дали е тоа во Скопје, дали е било каде во било која општина низ Македонија, сметам дека сериозно ќе влијаеме да се спречи таквата појава и дека има што помалку такви појави во перспектива, вели градоначалникот.
На прашањето дали тој ќе биде следниот градоначалник на Скопје, Ѓеорѓиевски вели дека тоа зависи од повеќе фактори, но дека би бил добар градоначалник на главниот град, дека не се плаши од работа и дека може многу да придонесе за него.
Тоа зависи од повеќе фактори. Мене приоритет во моментов ми е да ги дореализирам сите проекти кои што сум се обврзал пред моите сограѓани, да ги реализирам, а де факто најголем дел од проектите ми се реализирани, над 90% имам уште еден сет на проекти кои што не сум ги ветил, но жива материја произлегле и се реализирале. Логички е и нормално секој човек да има амбиција, особено во политиката, да сработи и остави резултати зад себе. Доколку сметаат граѓаните дека јас добро ја водам општината, секако ќе има анкети нашата политичка партија, доколку одлучат граѓаните за тоа, притоа и телата на нашата политичка партија, Централен комитет, Извршен комитет и секако претседателот на партијата, мислам дека би бил добар градоначалник на Скопје. Не се плашам од работа и сметам дека можам да придонесам многу за градот Скопје, изјави градоначалникот на Кисела Вода.