Monday, December 2, 2024
5.8 C
Skopje

ЃОРЃИЕВА : ПРЕДЛОГ БУЏЕТОТ ЗА 2025 ГОДИНА ОВОЗМОЖУВА ЕКОНОМСКИ РАСТ ОД 3,7% И ЗГОЛЕМЕН ЖИВОТЕН СТАНДАРД ЗА ГРАЃАНИТЕ

„Веќе четврти ден расправаме по предлог буџетот каде фрапирана сум од говорите на опозицијата. Можеби ќе ги разберев тие говори на опозицијата ако беа некој нови лица, а што можеби да критикуваа, но не можам да ги разберам довчерашните функционери кои тие го креираа буџетот кои тие ги носеа политиките, а кој истите тие го трошеа тој буџет денеска го критикуваат буџетот и ни кажуваат каков буџет требало да имаме“, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Весна Ѓорѓиева на денешната собраниска комисиска расправа за предлог-буџетот.

Таа продолжи и додаде:

„Доволно видовме од вас претходните седум години, вие кои направивте долг од 30 милијарди евра, а не реализиравте ниту еден капитален проект, најдовте сега да кажувате како да се планира буџетот“, вели Ѓорѓиева и додаде:

„Да ве прашам вас колеги од опозицијата како да го креираме буџетот, како кажете вие да креираме буџет, како вие што го креиравте буџетот за 2024 година, кога не обезбедивте плати за вработените во македонски шуми, 4 месеци без плати за вработените од водостопанство, не обезбедивте субвенции за земјоделците?“, запраша Ѓорѓиева.

Таа истакна дека со предлог-буџетот за 2025 година се предвидува раст на економијата и темелни капитални инвестиции.

„Идната 2025 година ќе биде развојна година, се предвидува раст за темелни и реални капитални инвестиции, развој на стопанството, зголемен животен стандард и благосостојба на граѓаните. Овој буџет е развоен кој гарантира повисоки плати, пензии, капитални проекти кои се реалност и поддршка на стопанството. Овој буџет е буџет кој ќе обезбеди раст на македонската економија од 3,7%“, вели Ѓорѓиева.

ОВАА НЕДЕЛА

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ