Специјалниот јавен обвинител е новина во нашиот правен систем, вели во интервју за Фактор професорот Ѓорѓе Марјановиќ.
– Би сакал – вели тој – да бидам оптимист дека тој ќе има автономна позиција и дека во негова надлежност ќе бидат само делата од аферата со прислушувањето. А тој ќе треба да му се спротивставува на редовниот јавен обвинител, се разбира таму каде што има место за контрирање.
Прашан каков степен на политичка етика би имало ако на изборите повторно се појават политичари кои се под сомневање за можни сторени криминални дејствија, професорот вели:
Политичката етика на една исправна демократска влада подразбира дека оние политичари за кои постои сомневање дека се сторители на кривични дела во никој случај не можат да обавуваат какви и да е јавни функции, а особено не да се членови на влада. Тие треба да бидат изведени на суд.
Целото интервју со професор Марјановиќ прочитајте го ОВДЕ