ЃОРЧЕ ПЕТРОВЦИ ИМААТ ОПАСЕН БАТКА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК : ПРВИОТ ТАТКО НА ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ АЛЕКСАНДАР НАУМОВСКИ И НЕГОВАТА ОПШТИНА СЕ ВКЛУЧИЈА ВО ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА НА ОПОЖАРЕНИОТ ДОМ НА ВЕНЕРА

0
1029

Општината, заедно со доброволци кои сакаа да се вклучат во акцијата, почна со санирање на штетата и расчистување на сметот од пожарот кој на почетокот на јануари зафати дел од станот на Венера од Ѓорче Петров, при што за жал, почина нејзината мајка.

Таа побара помош од општината, при што веднаш е излезено во пресрет. Станот целосно ќе биде реконструиран и наскоро донесен во состојба за вселување. Во меѓувреме, неколку фирми и физички лица покажаа интерес да и помогнат на Венера во однос на опремување на станот со мебел и покуќнина, откако штетата целосно ќе се санира и просторот ќе се адаптира за живеење.

На Венера, која е самохрана мајка и привремено сместена во кумановско Табановце, неодамнаопштината и донираше храна и облека за неа и нејзиното бебе со средства што се собрани од хуманитарна забава, организирана на 14 февруари.

Истовремено, општина Ѓорче Петров и понуди и за еднократна парична помош и побрзо обезбедување на документацијата која и е потребна по трагичниот настан. Исто така,општинатастои на располагање и за се она што во иднина и е потребно за подобар живот, а е во надлежност на општината.