ЃОРЧЕВ : ПОРАДИ НЕСПОСОБНОСТА НА КОВАЧЕВСКИ И ПЕНДАРОВСКИ МАКЕДОНИЈА ПРОСИ ЗА СЕ, ТОЈ МЕНТАЛИТЕТ НЕ МОЖЕ ДА ЈА ВОДИ ДРЖАВАТА

0
376

-Не можеме да дозволиме на она на што Димитар Ковачевски и вонредно неуспешниот  Стево Пендаровски сакаат да не навикнат, а тоа дека е нормално, дека е ок, дека ништо не е спорно, во тоа Македонија да биде најлоша во се во Европа. Јас не прифаќам Македонија да биде најлоша во се, во сите можни категории, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во радио Лидер.Ѓорчев во текот на своето гостување посочи дека поради актуелната влада на Ковачевски и Пендаровски, Македонија проси за се. Имено тој посочи дека Македонија мора да се натпреварува со светот и мора да научи да победува.

-Македонија мора да научи да победува. Македонија мора да научи да биде компетитивна. Македонија мора да научи да се натпреварува со светот. Значи не може ние да бидеме просјаци и за се, дали се работи за армија, дали се работи за здравство. Со актуелнава влада на Ковачевски и Пендаровски ние буквално просиме за се. Ние просиме за вакцини, па пола влада оди на Табановце, кога ќе дојде една кутија со вакцини. Минатата година кога беше кризата со брашно и со зејтин, просевме за зејтин и брашно. Просиме за амбулантни возила, веќе користени, просиме пожарникарски возила и така натаму, потсети тој и порача:

-Во ред е да се добие помош, јас разбирам дека ние не сме меѓу најразвиените земји, но не може тој менталитет на просење да ја води оваа земја.Ѓорчев се осврна и на тоа дека Македонија нема железнички сообраќај како и на тоа дека повеќе години учениците немаат учебници.

-Ние сега останавме без железнички сообраќај во Македонија, 150 години сме вратени назад. Ние во време со влада на ВМРО-ДПМНЕ имавме огромен број на линии во Македонија, но и возови, сега дојдовме до тоа да нема возови, а ако има возови од Скопје до Битола се патува 8 часа. Ние не може да се спремаме за 21 век, нашите деца со години немаат книги. Значи дојдовме до тоа од компјутер за секое дете, каде Македонија не така одамна 2014-2015 година имаше повеќе компјутери по ученици и повеќе таблети и за професорите одошто Јужна Кореја, сега да имавме ситуација каде минатата учебна година во јуни децата уште немаа учебници. Цела учебна година ја поминаа без учебници, додаде Ѓорчев.