ЗЕЛС ја поддржува иницијативата за општокорисна работа за малолетни сторители на вандализам.
☝️Како ЗЕЛС, на последната седница на Управниот одбор, едногласно ја прифативме иницијативата на градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски и денес официјално ја доставуваме до Владата.
Се залагаме за воспоставување меѓуинституционална соработка со цел воведување на општокорисна работа како мерка за малолетни сторители на вандализам.
Вандализмот и уништувањето на урбаната опрема, јавните површини и јавните добра се проблем кој бара системско решение.
✌️Поради тоа, предлагаме формирање на стручна работна група составена од претставници од Владата, ресорните министерства, центрите за социјална работа, училиштата и невладините организации.
Оваа работна група ќе има задача да подготви дополнување и измена на повеќе закони.
☝️Конкретно, иницијативата предвидува измени на Законот за прекршочна постапка, Законот за пробација и Законот за правда за децата, со цел воведување општокорисна работа како мерка која ќе спречи вандализам и ќе придонесе кон ресоцијализација на малолетниците.
Дополнително, се предлага и разгледување измени во Законот за семејство и Законот за извршување на санкции, за да се обезбеди правна рамка која ќе ја вклучи и одговорноста на родителите преку можност за заедничка општокорисна работа.
Со оваа иницијатива не сакаме само да санкционираме, туку и да превенираме.
Важно е да ја подигнеме свеста кај младите, да ги едуцираме за значењето на јавните добра и да создадеме механизми за нивна ресоцијализација.
♂️ Општокорисната работа има двоен ефект:
од една страна, им помага на младите да стекнат чувство на одговорност и почит кон заедницата, а од друга, спречува повторување на ваквите негативни појави.
Секој чин на вандализам е аларм кој мора да се сфати сериозно!
Дури и едно спречено насилство или уништување на јавен простор значи создавање побезбедна и поуредена заедница за сите граѓани.
⚖️ Затоа, очекуваме Владата и сите надлежни институции да ја поддржат оваа иницијатива.
♥️ Нашата цел е заеднички да изградиме правна рамка која ќе донесе вистински промени и ќе им помогне на младите да станат одговорни граѓани.
Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Гази Баба, Орце Ѓорѓиевски.