Ѓорге Иванов прв на ЦРНАТА ЛИСТА која ја кројат САД и ЕУ за криминалците од режимот на Грујо

0
563

Европската унија не сака да шпекулира, иако неофицијално високи извори од Европската комисија потврдуваат дека во рамки на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) се подготвува т.н. листа за санкции кон индивидуални лица од Република Македонија со забрана за нивно влегување во некоја од земјите-членки на Унијата поради влошената политичка ситуација во земјата.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, портпаролката на Еврокомисијата, Маја Коцијанчич во изјава за МИА ги нарече; таквите информации, шпекулации, иако потврди дека по неуспехот да се одржат политичките преговори во Виена минатата недела, ЕУ планира некаков вид акции против одговорните.

– Ние кажавме многу јасно каде стоиме во однос на последниот развој на настаните во БЈР Македонија минатата недела. Ситуацијата останува многу загрижувачка за нас. Пред се, кажавме дека е потребна одговорност за да се реши сегашната политичка криза во земјата и таа лежи во рацете на политичките лидери во самата земја. Ние ја изразивме нашата загриженост и во изјава од мината недела ние, исто така, рековме дека сме принудени да размислуваме за акции да ги пресретнеме барањата од Европскиот совет, Комисијата и Парламентот. Но, веќе реков минатата недела и повторувам и денеска дека нема да шпекулирам над тоа – истакна Коцијанчич.

Сепак, висок извор од Европската унија, кој инсистира на анонимност, за МИА потврдил дека во соработка со Стејт департментот на Соединетите Американски Држави се работи на црна листа; на која, наводно, би се нашле македонскиот претседател Ѓорге Иванов и неколкумина од неговата листа за помилување со 56 имиња, доколку во меѓувреме Иванов под притисок не ја повлече одлуката за општа амнестија на сите поврзани со скандалот со нелегалното следење на комуникациите.

– ЕУ не сака, но доколку се влоши состојбата во Македонија, ќе мора да реагира рестриктивно. Нема да стане збор за санкции слични на оние за дел од официјалните лица на Русија во однос на состојбата во Украина, но еден вид на забрана за влез во ЕУ на неколку индивидуалци од Македонија е можна ако не дојде до решавање на кризата – потврдил високиот извор на Унијата во изјава за МИА.