Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Ролан Гарос

0
405

Новак Ѓоковиќ ќе игра во финалето на Ролан Гарос, откако во дводневното полуфинале славеше над Енди Мареј со 3:2. Ѓоковиќ утре против Вавринка ќе го игра своето 16-то Гренд слем финале и ќе се обиде да ја освои својата деветта титула.

djokovic

Полуфиналето кое во петокот поради најавата за невреме беше прекинато при резултат 6:3, 6:3, 5:7 за Ѓоковиќ и 3:3 во четвртиот сет, денеска подобро го започна Мареј кој успеа со еден брејк да го добие четвртиот сет со 5:7 и да израмни на 2:2.

Сепак во решавачкиот сет Ѓоковиќ се презентираше во своето најдобро светло и лесно со 6:1 стигна до победата.

Победата на Ѓоковиќ ја потврдува и статистиката, тој имаше 56 директни поени и 48 неизнудени грешки, додека тој однос кај Мари изнесуваше 36/48.