Шушумигата претседател уште не дала оставка?

0
630

Се’ до несреќниот ден кога овој (по указ на работодавецот Груевски или под притисок на душегрижните странци, не знам), реши да објави помилување на 56 политичари-криминалци (потенцијални, ама со јак потенцијал, кој од кој) за да можеле да се одржат „фер и демократски“ избори во јуни, во Македонија си беше мирно.

Да беше работата чиста, ова ќе беше една од ретките прилики дпмне и сдсм да ги здружат силите и да ја принудат несреќава да си оди од претседателската функција, ама работата не е чиста.

Гарантирам дека ниеден член на сдсм или на вмро дпмне кој не е шизофреник не сака најголемите криминалци да бидат ослободени од судско гонење.

Проблемот е што тие би ги гонеле само оние од „спротивниот“ табор, а тоа им е голем проблем и мора да си го решат. Додека не го решат – нема правна држава.

Еве, поради тоа, на една недела пред Велигден сите сме во една бизарна протестантско-контрапротестантска поделеност и во тегобен ќорсокак од кој не знам кога и како ќе излеземе.

Најмалку што може е директниот предизвикувач на граѓанските немири, продлабочувачот на политичката криза и главен протагонист на последната дестабилизација на РМ, нејзиниот преседател, непретставителниот и збунет д-р Иванов, да поднесе итна оставка. И да си чмае и молчи засекогаш, тоа најмногу му личи. И во никој случај да не му се дава претседателска пензија, оти не ја заслужил… напротив. Заслужил да му се земе се’ што има, и имот и дипломи и титули, и да си бара работа за да преживее. И да си ја бара самиот, не друг да му најде, да види како е!

Тихомир Јанчовски – Фејсбук статус