Таа додаде дека овие здруженија не ги формира министерството, туку самите компаниите и дека согласно законот се утврдени и санкции.
„Овој систем е пресликан од ЕУ и земјите членки. Тешки се овие системи, повеќе компании се здружуваат и ги постигнуваат целите. Има таргети кои се зголемуваат и надоместокот кој го плаќаат се зголемува“ рече Шукова.Министерката додаде дека предвидени се казни доколку не се формираат овие здруженија и нагласи дека индустрискиот отпад не може и не смее да завршува на комуналните депонии.