Sunday, May 18, 2025
8.8 C
Skopje

ШУКОВА: ЦЕНИТЕ ПОСТОЈАНО РАСТАТ, А НАШИТЕ ГРАЃАНИ ИМААТ НАЈНИСКИ ПЛАТИ ВО РЕГИОНОТ

Индексот на трошоци на живот од први до трети месец е пораснат од 2,7 до 5%, цените на мало пораснале во истиот период за 2,2 до 5,2%, а нашите граѓани се со најниски плати во регионот. Платите мора да се зголемат за да се заштити стандардот на граѓаните.

Дури и Светска банка, која не се занимава со реторика и популизам, туку со економска логика, ги намали проекциите и вели 2,6% ќе биде растот на БДП во 2025 година, истакна пратеничката на СДСМ Каја Шукова во дебатната емисија „Анализа“ на телевизија 24.

Шукова додаде дека ниту макроекономските показатели не се добри, растот на индустриското производството од септември до декември е негативно, само во јануари имало раст од 1.4%, а во февруари повторно пад од 0,8%.

Во најголемите 2 кризи – енергетската и ковид кризата владата предводена од СДСМ, додели 2,6 милијарди евра неповратни средства на компании, правни и на физички лица, и тогаш многу од компаниите, особено погоедени од економсата криза, не затворија само заради таа доделена помош. Сега нема криза а економијата е во пад, рече Шукова.

Повратот на ДДВ доцни, зголемувањето на пензиите го зголеми долгот на пензискиот фонд, а цените на храната се покачуваат откако завршија мерките, нагласи пратеничката на СДСМ Каја Шукова во дебатната емисија „Анализа“ на телевизија 24.

Во врска со средствата од унгарскиот кредит за општините, Шукова додаде дека се уште не се рефлектираат во агрегатните податоци, бидејќи се потрошени само 8% од 77 милиони евра што покажува слаба реализација и неефикасност.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

И АРБЕН ФЕТАИ ГО НАПУШТИ ТАРАВАРИ: ОВА НЕ Е БОРБА ЗА ПОЕДИНЕЦ, ОВА Е БОРБА ЗА ДОСТОИНСТВО

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење и висок...

ВИТКОФ: ОЧЕКУВАМ УСПЕШЕН РАЗГОВОР МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН

Главниот преговарач на американскиот претседател Стив Виткоф, кој работи...

ХАЈРЕДИНИ: ГОЛЕМА ГРЕШКА Е ДОКОЛКУ СТАВРЕСКИ ЈА ЗАМЕНИ АКТУЕЛНАТА ГУВЕРНЕРКА БЕЖОВСКА

Премиерот Христијан Мицкоски би направил голема грешка доколку се...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ