Со пет куршуми попладнево во Струга е убиен функционерот на ДУИ, Артан Муслиу, заменик-директор на регионалниот центар на УЈП во Струга, објави весникот „Лајм“.
Како што пишува весникот, тој се сметал за близок со вицепремиерот Муса Џафери. Не се познати сторителите на ова убиство, ниту точните мотиви. Од полицијата сè уште не ја потврдиле информацијата. Муслиу е добро познат како бизнисмен во Струга.
Охрид Скај пак јавува дека убиениот се вика Асани.
Лекарите од струшката болница известија дека пред 20 минути од тешките повреди починал Аргетим Асани, заменик директор на УЈП. Тој околу 13.20 часот бил тешко ранет на улицата Маркс и Енгелс во Струга.