Што се може да се научи од емисијата на Јанко Јади Бурек!

0
969

janko

ОД ДЕНЕС ОБАВЕЗНО ГЛЕДАМ ЈАДИ БУРЕК – МОШНЕ ЕДУКАТИВНА ЕМИСИЈА – ЧОВЕК УЧИ ДУР Е ЖИВ – ПА ЕТЕ ЈАС КАКО АРХЕОЛОГ НАУЧИВ НЕКОИ НОВИ РАБОТИ!

Не го гледав досега Јанко, ама ајде вечерва го следев заради гостувањето на почитуванот мој колега проф. др. Виктор Лилчиќ. Добро е што го гледав ток шоуто. Видов колку работи сум пропуштил додека студирав археологија. Фала Јанко.

1. Во Археолоскиот музеј во Скопје е копијата на саркофагот откриен во Сидон (Либан) во кој бил погребан некој антички великодостојник од блискиот исток – но Јанко ни “откри” дека во него бил погребан токму Александар Македонски (дома го лажат човекот – види п.с.2)

2. Исто така не знаев дека Ајга (Воден) – првата претстолнина на античката македонската кралска кука се наога во Долината на Кралевите во Египет

3. И ич не ни сум наслушнал дека Олимпија, мајка му на Александар била каменувана “тука” во Скупи

п.с. 1
Порака до Јанко, пред гостување на било кој, подобро нека се подготвува за да “парира”.

п.с. 2
Да ме убиете, нокти да ми корнете, во кофа со вода удавете ме, не признавам дека сум во некоја партија – ама сега нешто ми е појасно зошто оној Саше Политико нешто го зезаше за некакво вработување…

Душко Темелкоски, фб статус