Thursday, May 15, 2025
15 C
Skopje

ШТО СЕ КРИЕ ЗАД СОРАБОТКАТА НА ПАЛЕВСКИ И ВЛАДИКАТА ПЕТАР?

Се погласно се зборува за чудната врска и поврзаност помеѓу главниот осомничен за грабнувањата и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо и лица од цркновните кругови, кои го поддржуваа, му даваа информации и логистика.

Партијата на Палчо, Десна, заедно со Владиката Петар собираа потписи за т.н. декларација за МПЦ-ОА, која што воопшто не соодветсвува со православното црковно учење, туку беше исполнета со национализам и етнофилетизам кој се смета за ерес во црквата. На тоа реагираше и заедницата на Власите во Северна Македонија, а самиот Палчо се фалеше дека дека собрал над 50.000 потпишани декларации и му ги предал на Петар. А за тоа на ФБ сподели и потврден документ од Петар упатен на негово име, за примопредавањето на декларациите.

Поддршка за собирањето на потписите и ваквата декларација јавно даваа и и митрополитот Кумановско-осоговски Григориј и митрополитот Агатангел.За блиските врски меѓу Палчо и владиката Петар сведочат сликите споделувани на социјалните мрежи, а во еден од неговите поткасти, Палчо истакна дека со благослов од Петар бил испратен и во Москва.

Дополнително прашање кое се наметнува е кој ја контролирал заштитата на личните податоци на луѓето кои се потпишале на оваа т.н. декларација и со кого се биле споделени таквите информации од граѓаните. Доколку се земе како точна бројката која ја соопшти Палчо, 50 илјади потпишани декларации, тоа е една цела база на податоци, која може да биде злоупотребена за политички или криминални цели.За врските помеѓу Палчо и луѓе во црковните кругови реагираа и монасите од Бигорскиот манастир, кој кажаа дека тие и нивниот игумен често биле мета на навреди и закани од страна на Палчо и луѓето околу него.

„Што со оние соработници на тој демонизиран убиец – меѓу кои, за голема жал, има и извесни личности од црковните кругови, кои го поддржуваа во неговата злоба, му доставуваа клеветнички информации, го поттикнува на разни начини да го врши делото сатанско – злословието и омразата? Ќе има ли одговорност и за нив или, едноставно, ќе дозволиме и понатаму да се шири канцерот на злобата во нашето општество?“ реагираа од Бигорскиот манастир.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

КОШТА: НЕМА ПЛАН ,,Б”, ИСПОЛНЕТЕ ГО ОНА ШТО Е ДОГОВОРЕНО

Европската унија очекува Северна Македонија да го исполни договореното за да...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ