Има добра работа, амбициозен е и атрактивен… Може ли да биде подобро од тоа?! Иако еден дел од животот жените го поминуваат фантазирајќи за славниот “совршен” маж, порано или подоцна дамите стануваат свесни дека сепак некои други квалитети се многу поважни.
Младите жени сакаат нивниот партнер да биде успешен, богат и атрактивен, но во зрелите години жените бараат чувствителен човек кој ќе ги разбира нивните потреби. Годините и искуството со себе го носат и сознанието дека принцот на белиот коњ не постои и примарна цел за жените станува процесот на создавање на емотивна блискост со партнерот.
Истражувањето, во кое учествувале 9.000 жени на возраст помеѓу 16 и 75 години, покажа дека финансиската состојба и амбициозноста се двата најважни фактори за младите жени, од кои дури половината признале дека посакуваат партнер кој може да си дозволи да ги задоволува желбите на жените и да ги опсипува со подароци и внимание.
Една четвртина од девојките кои учествувале во анкетата сакаат врска со амбициозен маж кој гради успешна кариера. Од друга страна, жените во зрелите години сакаат некој кој ќе им понуди сигурност и разбирање и кој ќе биде покрај нив секогаш кога им е тешко.