ШТО Е БЕ ОВА: Едниот од командантите на терористите екс бодигард на Али Ахмети, другиот пријател на Мендух Тачи!?!?

0
903

ah

Сами Укшини, т.н. командант Соколи еден од тројцата лидери на вооружената група кои се предадоа синоќа бил дел од прислушуваните и објавени разговори од страна на Зоран Заев, објави Алсат-М телевизија.

Во овој разговор Сами Укшини комуницира со лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Разговорот нема ништо суштинско, но само покажува пријателските односи меѓу овие двајца.

Разговорот се одвивал на 28 февруари 2012 година. Од СДСМ велат дека не случајно избрале да го објават овој разговор на лидерот на ДПА и Сами Укшини и не ја исклучуваат можноста во следните денови да објават и други разговори меѓу нив.

Во продолжение ви го прикажуваме разговорот на двајцата кој го објави Алсат-М:

Транскрипт

tr 1

Претходно се дознавме  дека еден од командантите на терористите во Куманово му бил бодигард на Али Ахмети.

Еден од командантите кои се предале во Куманово е бивш бодигард на Али Ахмети!

али(3)

Македонските медиуми известуваат дека Сами Укшини познат како командант Соколи, Бег Ризај, Дем Шеху, и Мухамет Краниќи – Командат малишева, се четворицата косовари кои во сабота се предале на македонската полиција, после 16 часа борби во Куманово.

Lajmi.net
 и Shqipmedia.com ги објавија нивните биографии:

Дем Шеху, од Дечани, учествувал во војанта на УЧК на Косово, но и во војната во Македонија 2001. После војната во Македонија бил бодигард на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Често бил виден и со други функционери на оваа партија.

Бег Ризај, бил војник на УЧК во зоната на Дукаѓин во Косово. После војната на Косово бил бодигард на Рамуш Харадинај.

Сами Укшини- Командат Соколи, потекнува од семејство во Морина, Ѓаково. Неговото семејство било база на УЧК, УЧПМБ и УЧК-Македонија. Сами Укшини учествувал во војната во Македонија во регионот на Липково.

Мухамет Красниќи – Командант Малишева, е од Малишево, Косово. Бил во УЧК во косово а во 2001 и во Македонија.

Единствениот кој не се предал е Мирсад Ндрецај- командант НАТО. Тој е внук на Малиќ Ндрецај, командаднт на 132 бригада на УЧК во Косово.