ШТО ВИКА АНТОНИО МИЛОШЕВСКИ?! ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ БЛГАРИН ИЛИ БИЛ МАКЕДОНЕЦ?!

0
794

Знаете ли дека Антонио Милошевски има посветено цела книга на врховистот Христо Матов, т.н. политичар кој водел рекорд по убиени македонци во македонската историја и тогашната револуционерна борба?!

Антонио Милошевски, екс Министерот за надворешни работи, човек кој што при посетата на Софија изјави дека е горд што се поклонува на гробот на Христо Матов (врховистот, идеолошкиот ментор на Тодор Александров и крвник на македонскиот народ).

Антонио Милошевски во јавноста прв пат се појави за време на студентските протести во 1997 година. Истата година за прв пат го покажа и своето ’бугарско’ лице кога во весникот ’Завет’ на Унијата на млади сили во ДПМНЕ (УМС) се појави фамозниот текст „Чакам те да дојдеш“, во којшто младите вмровци на чело со Филип Петровски бараа да се осуди бугарштината во партијата.

Милошевски со сите сили се бореше против објавувањето на тој текст и на тој начин си обезбеди многу добри позиции кај Доста Димовска. Тој скандал заврши со отстранување на голем број партиски членови.

Сепак, најмногу полемики во медиумите Милошевски предизвика со објавувањето на контроверзната колумна ’Животот не трпи никакви ограничувања’, посветена на Христо Татарчев кој што беше најверниот соработник на Ванчо Михајлов.

Во таа колумна тој за Татарчев напиша: ’Овој напис го пишувам во негова чест, а по повод 135 години од неговото раѓање’, а истиот тој напис го завршува со зборовите ’Вечна му памјат’. Инаку, синот на Христо, Иван Татарчев, стана јавен обвинител во Бугарија и во моментов е најактивен современ бугарски политичар во негирањето на македонската нација.

Интересно е кој е ставот на Антонио Милошевски за Гоце Делчев, бил блгарин или бил македонец?! 😊🧐

Фејсбук статус на уредникот на порталот ,,Народен Глас”, Рубин Иваноски.