Што ако Груевски не поднесе оставка?

0
515

Тие нема да прифатат формирање техничка влада која ќе организира фер и чесни избори. На таков чекор сега може само да бидат принудени. Принудата може да ја направи или меѓународната заедница со блокади и санкции за земјата или опозицијата со протести и штрајкови.

gjorgji-spasov

За жал, она што ниту САД ниту ЕУ се’ уште не сакаат да го видат, е тоа дека Македонија денес е под власта на една фамилија, која себе се нарекува раководство на политичката партија ДПМНЕ.

Единствениот проект на таа фамилија, кој реално се остварувал во овој период, имал наслов: „Како систематски да ја ограбиме Македонија, а за тоа никој од нас да не одговара“. И тоа било можно само на еден начин. Како и во секој филм за активностите на мафијата, било неопходно да се воспостави систем во кој ќе бидат ставени под контрола полицијата, судството, а по потреба дури и „конгресот“, кој ќе го озаконува криминалот и ќе ја оневозможува контролата.

Кога шефот на една таква организација ќе дојде во позиција „преку џокер“ да ги избира и разрешува судиите кои ќе му затребаат, кога ќе може да го постави својот најверен човек за министер на полицијата и кога на својот платен список ќе ги добие членовите на парламентот кои може да му легализираат каков било криминал, тој станува реална и единствена власт во земјата. Повикувањето на чест, морал или срам станува смешно во таквите околности. Зошто?

Прво, во таква земја во која, на фамилијата се’ и’ е под контрола, од полицијата и судството, до медиумите и подземјето, таа нема да дозволи да и’ се суди според словото на законот. Второ, во таква земја каде што изборниот штаб за секои избори е во седиштето на полицијата и кај што полицијата ги спроведува и контролира изборите, со помош на Управата за јавни приходи, инспекциските служби и корумпираните телевизии, шансите за промена на власта се рамни на нула. И трето, во ваков тип на организации (дури и кога се викаат партии) постои принципот на фамилијарна солидарност и субординација. Секој што влегол во организацијата и имал некаква корист од неа, помала или поголема, не смее туку така да ја напушти. Во секој обид за напуштање од кого било се гледа со сомневање за можно предавство и затоа сурово се казнува.

Но, на оваа организација во Македонија предводена од Груевски, сепак и’ се случи еден голем пропуст. Еден од клучните принципи за нејзиното опстојување е пробиен. Тоа е „тајноста“ на комуникацијата на пријателскиот круг. Под некои чудни околности лидерот на опозицијата дојде до аудиоленти од прислушувани разговори и на внатрешниот круг. И не само што дојде до нив, туку и под заштита на некоја веројатно поголема сила од силата на фамилијата, почна да ги објавува во дел од медиумите.

Целата колумна на Ѓорги Спасов прочитајте ја тука