Штајнмаер: Сè поголемата нестабилност ја оддалечува Македонија од ЕУ и од НАТО

0
252

Се надевам дека политичките партии во Македонија разбираат дека растечката нестабилност ќе го направи патот на земјата кон Европската унија и НАТО многу тежок, вели шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер, јави Мета.

Пораката на Штајнмаер до партиите во земјава кои го потпишаа Договорот од Пржино за излез од кризата, попладнево ја објави германското министерство за надворешни работи на својот твитер-профил.