Њујорк – Американскиот рапер Шон Комбс, попознат како „Диди“, беше прогласен за виновен за обвиненијата за проституција, а е ослободен од најтешките обвиненија за рекетирање и трговија со луѓе.Комбс, имено, е прогласен за виновен по две точки од обвинението за пренесување, со цел вршење проституција. Поранешниот федерален обвинител и правен коментатор, Неама Рахмани за „Пипл“ вели дека по ова, Диди можеби нема да добие долга казна.
Максималната казна со која се соочува Комбс – кој се изјасни за невин по сите обвиненија во случајот – е 20 години, но обвинителите бараат затворска казна од 51 до 63 месеци, според NBC News. Одбраната бара казна од 21 до 27 месеци.Откако дозна дека поротата го ослободила од обвиненијата за трговија со луѓе и рекетирање и, како резултат на тоа, ја отстранила можноста да биде осуден на доживотен затвор, Комбс клекна и ја стави главата на стол, навидум ставајќи се во положба слична на молитва, според NBC News.
– Веројатно ќе добие малку, или воопшто нема да добие казна. Можеби дури ќе добие и веќе отслужено време. Но, поради фактот дека беше ослободен од најсериозните точки од обвинението, Владата немаше да го покрене овој случај доколку мислеа дека ќе се занимаваа само со проституција… Ова е најскапото судење за проституција во американската историја, вели Рахмани.
Правникот смета дека ова е огромна убедлива победа на одбраната и огромен пораз за обвинителството.
За време на судењето кое траеше неколку недели, сведочеа 34 сведоци, меѓу кои и поранешната девојка на Диди, Касандра – Кеси Вентура. Комбс беше обвинет и за водење криминално здружување, во текот на 20 години – со помош на негови вработени и кругот најблиски луѓе, коешто вршело кривични дела, како што се потпалување, поткуп и киднапирање.