ШОК ЗА ИНДИЈАНЦИТЕ ОД ДУИ! И Али Ахмети политички умира: Огранок на ДУИ од Дижонска ги избрка Артан Груби и Шаип Зендели!

0
1603

Заврши, пред и да започне, вчерашниот состанок на огранокот на ДУИ на Дижонска.

 Сигурни извори, како што вели весникот Лајм, велат дека членовите на ДУИ на овој огранок искажалае негодување во врска со присутноста на пратеникот Артан Груби и директорот на Пензискиот Фонд, Шаип Зендели.
“На состанок дошле да ги презентираат и претставниците на огранокот на Чаир, Беким Незири, Артан Груби и Шаип Зендели. Состанокот без да започне, членовите се побуниле и рекле дека претставниците Артан Груби и Шаип Зендели се не пожелни на овој состанок. За оваа причина состанокот се прекина“, за Лајм  велат партиски извори, додавајќи дека според сите изгледи овој случај е снимен со мобилен телефон од некој од членовите на под огранокот.
Овој инцидент е продолжение на поделбите на огранокот на ДУИ во Чаир, кои почнаа пред повеќе од еден месец, кога на градоначалникот на општината Изет Меџити му беше пратен куршум во канцеларија.