ШОК ЗА ГРУЈО И МИЈАЛКОВ ОД БРИСЕЛ – Хан : Ако партиите не се фокусирани на фер избори новата влада нема да биде меѓународно прифатена и признаена

0
409

Навистина сум разочаран од последните настани. Ние инвестиравме многу во договорот од јуни-јули минатата година за да се донесе земјата назад на евроатланскиот пат. Многу од роковите не беа испочитувани кога требаше, но конечно тоа беше направено. И затоа фактот дека сега изборите на 5 јуни се под тешка ситуација, искрено не знам како ќе изгледа по изборите. Мислам дека можам само да ги повикам сите партии, исто и граѓанското општество, но особено политичките партии, да се вратат на преговарачка маса и да останат посветени на евроатлантската перспектива на земјата – истакнал еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во обраќањето во институтот „Брукингс“ во Вашингтон, одговорајќи на прашање од Обединетата македонска дијаспора.

Еврокомесарот потенцирал дека, ако партиите не работат заедно и не останат фокусирани на фер избори, новата влада нема да биде меѓународно прифатена и признаена.

Хан додал дека заедно со членови на Европскиот парламент ќе се обидат да направат уште еден напор и да посредуваат.

– Не можам да ветам ништо, но се надевам дека постепено луѓето во регионот и во некои други делови ќе разберат дека демократијата значи да се постигне договор и компромис, а не да се има став на победник и губитник. Во спротивно, никогаш нема да бидете успешни. Луѓето во регионот заслужуваат подобра иднина, а тоа е единствено можно ако се има јасна европска перспектива. Ова вклучува европско или демократско сфаќање на владеењето на правото. Ова мислам веќе е одговор на опсежното помилување на луѓе од страна на претседателот на државата – истакнал Хан.