ШОК ВО ЕУ – Ховит за „Мета“: Итен состанок во Брисел по одлуката на Иванов за амнестија и аболиција!

0
552

Кршењето на Договорот од Пржино ќе има сериозни последици, изјави денеска за „Мета“, европратеникот Ричард Ховит, кој посредуваше во носењето на Договорот од Пржино.

– Политичарите во Брисел итно ги проучуваат и се консултираат за последните случувања во Скопје и можам да предупредам на многу сериозни последици доколку некоја од партиите или поединец е одговорен за кршење на Договорот од Пржино – рече европратеникот, кој заедно со Иво Вајгл и Едвард Кукан, како и со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан беа медијатори на политичките разговори за решавањето на политичката криза.

Ховит потсети дека Иванов, по одлуката на Уставниот суд да му одобри на претседателот да аболицира лица за изборен криминал, педофилија и трговија со дрога, ги уверил дека нема да презема такви чекори.

– Истакнувам дека претседателот Иванов претходно даде уверување дека нема да дава амнестија за политички криминал и оти ќе го почитува Договорот од Пржино, кој вклучува и широка меѓупартиска поддршка на Специјалното обвинителство – рече Ховит.