ШОКАНТНО – ШИЛЕГОВ ОТКРИ: ФК ВАРДАР НЕМА СВОЈ ИМОТ, АКАДЕМИЈАТА И ТРЕНИНГ ЦЕНТАРОТ САМСОНЕНКО ГИ СТАВИЛ НА ИМЕ НА СВОЈАТА СОПРУГА!

0
3362

Академијата на ФК Вардар која е изградена на земја која Самсоненко ја купи од државата за багателна цена од 40 евра за метар квадратен, се води на име на сопругата на Сергеј Самсоненко. А пак тренинг центарот во Хиподром е исто на Самсоненко и со јавно партнерство со општина Гази Баба, со што практично ФК Вардар нема свој имот а има долгови од 3.5 милони евра!!!

Ова во емисијата Стадион на радио Канал 77 го откри градоначалникот Петре Шилегов.

– Ние активно бараме спонзор кој ќе го преземе клубот, но голем проблем е долгот од 3,5 милиони евра на кој му отпишавме камати со цел да се оствари ветувањето на Самсоненко дека ќе го плати долгот но тоа досега не се случи и покрај многуте ветувања.