ШОКАНТНО ФОТО од гевгелиската болница го открива тоталниот КОЛАПС НА ЗДРАВСТВОТО со кое раководи Тодоров: Пациентот со отворен стомак, лекарите си прават селфи!

0
511

Оваа фотографија е направена во операционата сала во гевгелиската болницат. Додека пациентот под дејство на анестезија и со отворен стомак, во локва крв лежи на хируршкиот стол, целата медицинска екипа прави селфи.

Фотографијата, како што објави Нова потоа е ставена на Фејсбук профилот на една од докторките, каде што луѓето ја поздравуваат медицинската екипа без никој да забележи дека ваква фотографија не смее да се објавува јавно и дека со тоа е нарушена приватноста на пациентот и Законот за правата на пациентите.