ШОКАНТНО: УРЕДНИК НА ПОРТАЛ И ВЕСНИК ЗЕМАЛ 80 000 ЕВРА ОД ОЛИГАРХ ОСОМНИЧЕН ОД СЈО ЗА ДА ПЛУКА ПО СЈО И ВЛАДАТА?!?!

0
3560

Неверојатна приказна кружи низ градов.

Уредник на портал а до скоро и на еден дневен весник, познат под надимак кој се римува со СЕРО, откако добил корпа од премиерот Заев со кој барал со месеци средба за да договори некаква соработка, лут решил да се продаде на ВМРО ДПМНЕ и нивните олигарси.

Со таа цел, му пристапил на еден виден олигарх осомничен од СЈО и од него искеширал 80 000 евра со цел да го напаѓа СЈО и владата за да ја руши и владата и СЈО!

Откако за оваа зделка дознале во весникот, газдите веднаш го шутнале, го натерале да си даде оставка.

Сега овој останал да ги одработува парите измислувајќи лажни скандали и креирајќи хистерија за се и сешто, спинувајќи ги успесите на владата, бомбардирајќи ги сите главни настани со лажин скандали итн итн…

А за СЈО па да не збориме, секој ден фрчат колумни против СЈО, дури се креира некаква теорија на заговор дека СЈО им давало снимки на разни рекетари кои со тие снимки рекетирале бизнисмени итн итн…

Целта била да се оцрни СЈО како некаква расипана рекетарска банда, со цел да се засили позицијата на обвинетите олигарси пред суд.