ШОКАНТНО – СРАМ И БЕДА ВО КОЧАНИ: БАШ НА ДЕНОТ НА РОМИТЕ ОРГАНИЗИРАН ПРОТЕСТ ПРОТИВ ИЗГРАДБА НА СТАМБЕН ОБЈЕКТ ЗА ДОМУВАЊЕ НА РОМИ

0
263

Жителите на населбата Трајаново Трло во Кочани денеска организираа протест против изградбата на станбени објекти за сместување на социјално ранливите семејства кои се сместени во Старата касарна во централното градско подрачје.

На протестот тие го блокираа пристапот на градежните машини што дојдоа да го расчистуваат теренот за градба. Нагласија дека не сакаат во месноста Пресечена Скала, што е во непосредна близина на нивната населба, да се населат лица со сомнително однесување, бидејќи се загрижени за својата безбедност.

– Сметаме дека се работи за луѓе со кои имаме лошо искуство, поради тоа што прават кражби и штети по имотот. Оваа локација некогаш беше како парк, а сега е претворена во депонија. Ќе ја блокираме изградбата на објектите, затоа што не сакаме тие да бидат лоцирани овде. Веќе неколку седмици немаме мир од нив, постојано се соочуваме со кражби, иако неодамна организиравме протест со барања да се преземат мерки – истакнаа граѓаните кои учествуваа на протестот.

Од локалната самоуправа на Кочани рекоа дека имаат разбирање за протестот и барањата на граѓаните, поради што привремено се запрени активностите за изградба на објектите.

– Легитимно демократско право на секој граѓанин е да го изрази своето незадоволство, но постапката за градење на објектите за семејствата од Старата касарна е донесена според сите законски процедури, транспарентно, со јавни расправи и едногласно изгласана од општинскиот Совет. Активностите траат три години, обезбедени се финансиски средства, а на јавен повик е избрана фирма изведувач. Утрово имав средба со претставници на иницијативниот одбор за протестот и ги информирав дека наша законска обврска е да ги спроведуваме одлуките на Советот. Сепак, за да се расчистат сите недоумици, решив целата постапка да запре и да се преиспита уште еднаш, поради што таа повторно ќе се најде на разгледување пред советниците на првата наредна седница – истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Според урбанистичката документација и изработениот проект, објектите за домување на станарите од Старата касарна треба да се градат во месноста Пресечена Скала, на северниот дел на Кочани.

Парцелата со површина од 2,9 хектари е на земјиште во државна сопственост, а со планскиот опфат се предвидени дваесетина градежни парцели. За реализација на оваа инвестиција обезбедени се околу 23 милиони денари од државниот буџет и сопствени средтва на локалната самоуправа.

Коментар на поранешниот министер од редовите на ПЦЕР, Аксел Ахмедовски:

Денес на денот на одбележувањето на меѓународниот ден на Ромите, во Кочани се случи мировен протест на одредена група на граѓани поведени и заведени од еден опозиционен центар за политички манипулации со цел стопирање на реализација на еден повекедецениски урбанистички проект за изградба на станбени објекти за сместување на лица од Ромската заедница.

Недозволиво и крајно безобзирно е јавно изразување на предрасуда кон најранливата категорија на граѓани, непочитувањето на различноста и категоризација на истата група во потенцијални олоши, криминалци и сл.

Организаторите и присутните на протестот немаат никакво морално право да се декларираат како човечки битија кога повикуваат на омраза и мегуетнички раздор. Истакнатата парола,, Само преку нас мртви,, е крајно опасна по заедничкиот соживот.

За свесното внесување на граѓаните во ваквите настани треба да се води грижа и за последиците кои можат да произлезат од нив. Очигледно е дека некому не му е од интерес подобрувањето на состојбата Ромите околу домувањето, ниту пак е свесен за последиците.

Ова нее момент за политички маркетинг, нее момент за лекување на болни политички фрустрации. Апелирам до граѓаните кои протестираа на разум, заблудата од себе да ја отфрлат, да бидат вистински Македонски граѓани и да не се противат на обезбедувањето услови за живеење на граѓаните кои немаат свој дом.

На тој начин ке покажат дека се луѓе во вистинска смисла на зборот, а организаторите и манипулантите треба да бидат свесни дека на овој начин не се добиваат симпатии за себе лично или политичко промовирање. Уште еднаш повикувам на разумно човечко однесување и неразгорување на мегусебна омраза.