ШОКАНТНО: РАБОТНИК СО ТРИ МОЗОЧНИ УДАРИ ОСТАНАЛ И БЕЗ БОЛЕДУВАЊЕ И БЕЗ РАБОТА

0
1393

На вработен кој притоа нема шест месеци непрекинато здравствено осигурување од првиот ден од вработувањето, Фондот за здравство нема да му го покрие боледувањето. Тоа значи, дека кога се вработува, треба да не се разболи во следните 6 месеци додека не стекне право според Законот за здравствено осигурување Фондот да го исплаќа надоместот за плата додека не оди на работа за да се лекува, пишува„СДК“.

За ваквите случаи во законите има дупка. Во ниеден закон не е наведена обврска ни за работодавецот да го плаќа боледувањето, ако трае повеќе од 30 дена. Тоа никаде не е регулирано и ваквите граѓани се оставени буквално сами и на свој трошок за лекување.

Граѓанин со три мозочни удари од скопското село Моране, минатото лето поднел претставка до Народниот правобранител Иџет Мемети откако Фондот за здравство одбил да му го признае правото на надомест на плата за привремена спреченост на работа поради болест, за педиодот од 18 февруари до 30 април, 2015 година додека бил на боледување откако добил мозочен удар. Во моментот кога го добил мозочниот удар тој немал шест месеци непрекинато здравствено осигурување, бидејќи во фирмата во која се вработил, немал 6 месеци работен стаж. Се разболел порано.

Фондот го одбил неговото барање како неосновано, бидејќи бил вработен на трети септември 2014 и до мозочниот удар, немал 6 месеци работен однос. Службите во Фондот на Народниот правобранител му објасниле дека во конкретниот случај обврската да го плати боледувањето била на работодавецот.

Целата сторија ОВДЕ