Не е тајна дека актуелната шефица на одделот за организиран криминал во Јавното обвинителство сака да посетува кафеани со разни сомнителни ликови.
Според нејзино признание знаеле во текот на некои повеќечасовни „заглавувања“ да си запеат и со Бојан Јовановски – Боки 13.
Јавноста, сепак разбра дека по кафеани и ручеци, Вилма Русковска си договарала и притвори и со предјадење и аперитив, без ниту еден доказ, озборувала кој ќе бегал, а кој не.
Во едно интервју, Русковска призна дека си била на ручек во кафеана со министерот во оставка Бојан Маричиќ и му кажала дека до нејзе стигнале оговарања дека било можно Сашо Мијалков да избега. Русковска ниту кажа од кого и се информациите, ниту дали има некаков доказ за нив ?
Затоа јавноста се срами и се прашува, зошто јавен обвинител би му нафрлал на министерот за правда секакви шпекулации ? Дали министерот е истражен орган или јавнот обвинител треба да си ги провери изворите и информациите пред да озборува и да постапува ? Дури и да имала докази, кои ги немала, дали очекувала насока од нејзиниот министер како да постапи и зошто кога министерот нема ингеренции во прогонот на криминал ?
Срамното признание на обвинителската Русковска не е исклучено да се базира на извори кои и се исклучително блиски, но без разлика дали станува збор за емотивна или материјална врска, крајно е непрофесионално и сомнителен мотивот истите информации да се шират и злоупотребуваат во постапки.