ШОКАНТНО: МАСКИРАНИ НАПАЃАЧИ ФИЗИЧКИ ГО НАПАДНАЛЕ ФИЛИП ПЕТРОВСКИ, СЕ СОМНЕВА ДЕКА Е НАРАЧАНО ОД ВМРО ДПМНЕ!

0
844

Јас ги кажувам работите и имам штета поради тоа. Ме плукаат по социјалните мрежи. Луѓето на Христијан Мицкоски и на Игор Гиевски ( поранешен претседател на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ) ми се закануваат. Има обиди за физички пресметки со мене. Но јас глава не наведнувам. Јас сум бил на 63-та падобранска бригада во Ниш. Јас знам и можам да се одбранам.

Ова во интервјуто за емисијата Во Центар го изјави Филип Петровски, политичар и поранешен директор на Државниот архив на Македонија.

„Имаше обид за физички напад врз мене. Лицето што тргна на мене избега. Десет луѓе тргнаа по него. Тие веројатно не беа подготвени дека има толку луѓе со мене“, рече тој.

Јас зборував на телефон, а тој беше во качулка и беше маскиран. Имаше маска. Од позади дојде и ме удри. Тоа се случи пред еден месец во центарот на Скопје на улицата Орце Николов, ракажува Петровски.

Тоа ми е мене многу индикативно. Мислам дека агресијата и нервозата се поврзани што чуствуваат што ќе дојде со американската уредба за ставање на црната листа, со тоа дека ќе ги изгубат локалните избори, вели Петровски.