ШОКАНТНО: ЗА МПЦ ВО УКРАИНА НЕМА РУСКА ИНВАЗИЈА ТУКУ БРАТОУБИСТВЕНА ВОЈНА?!?!

0
726

Во пораката на поглаварот на МПЦ нема осуда на руската инвазија во Украина и воените злосторства врз цивилното население, туку се зборува за брато убиствена војна?!?! Во својата велигденска честитка, поглаварот на МПЦ, гг Стефан вели:

Со неизмерна тага ги следиме известувањата за братоубиствената војна која изминативе недели се води по украинската православна земја. На човекољубивиот Бог му принесуваме ревносни молитви за да го воскресне мирот во неа и во целиот свет. Пастирски ги повикуваме сите верни да ги сочуваат своите срца од омраза и гнев, потсетувајќи дека нашата најголема борба е против поднебесните духови на злобата. Љубовта е единствениот лек против злото, а тоа ќе го покажеме доколку со непоколеблива вера, како апостолите и сите богољупци и христољупци во изминативе 20 столетија, ја споделуваме радоста од празниот Христов гроб. Затоа, да застанеме во заедничка молитва за спасение на сите страдални луѓе и на сите што се засегнати од оваа голема несреќа. Да се молиме Бог да им го даде дарот на покајанието и прошката, врз кои се крепи мостот што води кон помирувањето, да си простат и да направат сè заради воскресението.