ШОКАНТНО: ВМРО ДПМНЕ ПРОБAA ДА САБОТИРААТ АКЦИЈА НА МВР СО ИНТЕРПОЛ СПРЕМАНА ЕДЕН МЕСЕЦ ЗА АПСЕЊЕ НА ФАЛСИФИКАТОРИ НА ПАСОШИ!!!

0
386

Голема акција на полицијата: Во координација со стратешките партнери се апсат фалсификатори, неуспешен обид за саботажа.

Претпладнево во голема полициска акција се уапсени десетина полициски службеници кои биле дел од ланец за фалсификување на патни исправи и лични документи. Како што дознаваме, по повеќе од година дена истрага и документирање на дејствувањето на криминалната група, МВР во координација со Канцеларијата за истраги на американската амбасада и Интерпол спроведува голема акција која уште трае.

Извори од истрагата велат дека вчерашниот брифинг од политичка партија бил во насока да се саботира оцваа меѓународна акција. Од МВР само потврдуваат дека во тек е голема акција, а детали најавуваат по нејзиното завршување.