ШОКАНТНИ СВЕДОШТВА НА ПРИЛЕПЧАНИ ЗА СОЦИЈАЛНИТЕ НЕПРАВДИ И МИЗЕРИЈАТА ВО ГРАДОТ ПРЕД КАМЕРАТА НА ,,ЦИВИЛ”

0
737

Видео прилози снимени со поголем број граѓани на Прилеп, што ја прикажуваат објективна слика за животот во Прилеп, како и за кршењето на човековите и работничките права, беа презентирани од иницијативата „Социјална правда сега“, на отворената трибина, организирана на тема „Социјална (не)правда во Прилеп“.

Реалност е дека дека младите луѓе живеат од платата или пензијата на родителите, дека ако веќе не избегале во странство тогаш се невработени, дека се социјалци и корисници на социјална помош, или пак многу често се хонорарци осакатени со новиот закон – изјави Синиша Станковиќ, претставник на иницијативата.

civil.prilep

Иницијативата „Социјална правда сега!“ е спроведена од страна на Центарот за слобода ЦИВИЛ и Македонската платформа против сиромаштијата, со цел да се разоткрие тешката социјална положба во Македонија на локално ниво.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=OEqF1w6QqhU[/youtube]
[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=dy6TR-5RV2w[/youtube]
[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=Gr07bjM803s[/youtube]
[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=8YLMOAgB6pY[/youtube]