ШОКАНТНИ ПОДАТОЦИ НА ГЕОРГИЕВСКИ ОД КОИ ВОДИТЕЛОТ СТОЛЕ ЌЕ ПАДНЕШЕ ГРБЕЧКИ ОД СТОЛЧЕТО: НАД 30 000 ЗАРОБЕНИЦИ МАКЕДОНЦИ ПО ГЕРМАНСКИТЕ ЛОГОРИ БИЛЕ СПАСЕНИ ОД БУГАРСКАТА ВОЈСКА, НАД 40 000 МАКЕДОНЦИ ДОБИЛЕ СВОЈА ЗЕМЈА КОЈА БИЛА ОДЗЕМЕНА ОД СРПСКИ ДОСЕЛЕНИЦИ КОИ БИЛЕ ИЗБРКАНИ ОД МАКЕДОНИЈА ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА!

0
443

– Ќе ви кажам три работи кои во Македонија и ден денеска се кријат од јавноста со цел да се мрази Бугарија и Бугарите:

1. Над 30 000 Македонци кои биле заробени во кралската југословенска армија од Германците 1941-ва и биле однесени со воз во Германија во работнички кампови биле ослободени и вратени назад дома со ангажман на Бугарската власт во Македонија која истите ги прогласила за Бугари и со тоа ги прогласила за сојузници на Германија и тие луѓе се спасиле од мачење и од смрт.

2. Над 40 000 Македонци добиле своја земја која била одземена од доселеници Срби кои биле избркани во Србија а кои биле доселени тука за време на српската окупација, со тоа најплодната земја во Пелагонија, Полошко, Тиквешко, Скопско поле, Струмица, Ресен, Кочани итн припаднале во рацете на Македонци кои и ден денеска ја одработуваат и живеат од таа земја, но ова е тајна која македонските историчари не сака народот да го знае

3. Најголема тајна од јавноста е дека до 1943-та во Македонија имало само еден партизански батаљон со околу 300 војници а имало дури три четнички бригади, една во Куманово, една во Скопје и една во Тиквешко, секоја со над 1000 војници под команда на Дража Михајловиќ, тоа јавноста уште не го знае, исто така се гаи мит дека во Југославија имало кој знае каква партизанска битка против фашистите, кога реалноста вели дека големи битки имало само во Босна, а во Белград не бил убиен ниту еден германски војник се до 1945-та!