ШОКАНТНА СТОРИЈА НА ПОРТАЛОТ А1ОН : ИЗВРШИТЕЛИ СЕЛАТ ПРОФЕСОРКА ОД ЕКОНОМСКИ ИНСТИТУТ СО ОГРОМНА ПОЛИЦИСКА ОПСАДА, КУМОТ НА РАШКОВСКИ ЗАЕДНО СО ЛУЃЕ ОД ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ ЗА КОЈ ПРОФЕСОРКАТА ТВРДИ ДЕКА ИМА МАТЕРИЈАЛНИ ДОКАЗИ ПО СЕКОЈА ЦЕНА САКААТ ДА ЈА ИСФРЛАТ ОД СОПСТВЕНАТА КУЌА А КУПУВАЧОТ ДА ЈА ЗЕМЕ ОД 350.000 ЕВРА ЗА БАГАТЕЛНА ЦЕНА ОД 100.000 ЕВРА

0
1445

Извршители, со полициска асистенција попладнево почнаа да го празнат дворот на професорката на Економскиот институт Снежана Костадиноска – Милошеска, со најава дека треба да ја преземат целата куќа поради долг за неисплатен кредит на нејзиниот сопруг. Таа, со двајца адвокати, денес безуспешно се обидуваше на извршителите да им објасни дека нејзиниот сопруг е сопственик само на една третина од куќата, а таа ги поседува останатите две третини, за што добила судска пресуда. Укажа и дека долгот е платен, но никој не им го признавал и тоа, па се сомнева дека моќни луѓе се обидуваат насила да и го одземат имотот.

Костадиноска – Милошеска, токму поради можноста да и биде одземена куќата и да остане на улица, го тужела сопругот, а ја застапувал адвокатот Крстиќ. Судот утврдил дека Милошевска има правен интерес да се утврди нејзиното сопственичко право откако сопругот добил прибелешка за извршување од извршителот Андреа Буневски поради долг за кредит кој го земал без знаење и без потпис од сопругата. Таа пред судот успеала да докаже дека има поголем придонес за создавање на заедничкиот имот. Со нејзината плата, дополнителните приходи и продаден имот во Охрид  докажала дека две третини од вложеното во имотот во Сопиште го обезбедила таа па од тука судот донел пресуда дека таа е сопственик на две третини од целиот имот, вклучително и куќата која сега е предмет на извршување.

Целата сторија на порталот А1он ОВДЕ