ШОКАНТНА И НЕНОРМАЛНА ИЗЈАВА НА ПИВОВАРОВ : ЗА НЕСРЕЌАТА ВИНОВНИ СЕ САМИТЕ ЖРТВИ ШТО НЕ НАПРАВИЛЕ КОМПЛЕТНА ПРОВЕРКА НА АВТОБУСОТ, АГЕНЦИЈАТА, ДОКУМЕНТАЦИЈАТА И СЛИЧНИ ОБВРСКИ КОИ СЕ РАБОТА НА ИНСТИТУЦИИТЕ?!

0
581

Вината може да се гледа и кај граѓаните кои требало да ја проверат лиценцата на автобусот, вели Владимир Пивоваров, Национален координатор за гранично управување.

– Одговорност имаат и граѓаните како што имаат и институциите, изјави Пивоваров, во емисијата „25 минути“ на ТВ 24.

Иритирачка изјава за автобуската несреќа во која загинаа 45 лица, даде и газдата на Беса транс, Беким Хаџиу.

– Овие тестови се од Алах и верувам дека се прифатени од секој верник, неговата волја не може да биде променета ни за минута и бараме од Алах никого да не тестира, напиша меѓу другото Хаџиу на Фејсбук.

Ваквите изјави уште повеќе го разгоруваат револтот кај граѓаните од негрижата на институциите и власта за безбедноста на граѓаните.