ШОКАНТНА ИЗЈАВА НА МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА, БОЈАН МАРИЧИЌ : СИМПАТИЗЕРИ НА ВМРО-ДПМНЕ ПРЕКУ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ИМ СЕ ЗАКАНУВААТ НА ГРАЃАНИТЕ СО ЛИНЧ

0
1307

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во гостувањето на дебата на Алсат Телевизија, кажа дека изминатите денови сите сме сведоци на досега невидени повици на пресметка и линч со неистомислениците, кои доаѓаат од членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ. Тој во дебата покажа пред јавноста дел од заканите кои преку социјалните мрежи се упатуваат до дел од граѓаните, а се полни со навредливи зборови, повик за насилство и закани до гласачите и симпатизерите.

„Целта е да се уплашат граѓаните, да се поделат преку закани кои уште по првиот круг се упатуваат. Наследството на ВМРО-ДПМНЕ и во Скопје и во другите општини е барок, загадување и корупција. Граѓаните сигурно ќе се обединат околу прогресивната агенда и на 31 октомври ќе ги победат барокот, корупцијата и загадувањето“, кажа Маричиќ.

Според Секретарот за меѓународна соработка ова е доказ дека е потребно обединување на сите прогресивни граѓани со цел да се обезбеди стабилен развој и напредок.