Холивудската и филмска легенда, Мел Гибсон во подкастот на Џо Роган изјави за негови тројца пријатели кои според него тие биле излечени од рак во четврта фаза откако ги земале лековите ивермектин и фенбендазол.
Ивермектин е лек одобрен од Светската здравствена организација кој обично се зема за лекување на „речно слепило, цревна инфекција од нишки и други видови инфекции со црви“, според Клиниката Мајо.
Фенбендазол е антихелминтик со широк спектар на бензимидазол, за кој Клиниката Мајо вели дека исто така „се користи за лекување на инфекции предизвикани од црви“.
За време на четвртото продолжение на популарниот подкаст The Joe Rogan Experience, актерот Мел Гибсон изјави дека неговите пријатели со рак во доцна фаза ги здружиле овие лекови со други третмани и сега немаат никакви знаци на болеста „воопшто“. Кога од Newsweek извршиле обид да го контактираат Мел Гибсон преку е-пошта, неговиот претставник одбил било што да коментира.
Мел Гибсон за подкастот на Роган како што изјави самиот актер му понуди „добра приказна“, Гибсон рече: „Имам тројца пријатели. Сите тројца имаа рак во четврта фаза. Сите тројца воопшто немаат рак во моментов – и се случуваа некои сериозни работи“. „Што земаа? праша Роган, што го натера Гибсон да изјави дека тие „зедоа малку … што сте слушнале дека го земале“. “Ивермектин? Фенбендазол?“ праша Роган додека Гибсон во подкастот само кимна потврдно со главата.
GIBSON: “I have three friends. All three of them had stage four cancer. All three of them don’t have cancer right now at all.”
ROGAN: “What did they take?”
GIBSON: “Ivermectin, Fenbendazole” pic.twitter.com/onLx5bvDcG
— Chief Nerd (@TheChiefNerd) January 10, 2025