ШОКАНТНА ИЗЈАВА НА Командант Хоџа : Тајните служби на Македонија контактирале со вооружената група

0
580

Џезаир Шаќири, познат како командант Хоџа, во неговото вчерашно излагање за медиумите во Косово ги обвини тајните служби на Македонија дека со месеци пред полициската акција биле во постојан контакт со вооружената група.

hodza

Според него, тоа ог правел агент на Агенцијата за државна безбедност што е под надлежност на шефот на државата.

„Јас имам докази дека пред два и пол месеци, Ш.М., агент во Агенцијата за државна безбедност, што е под команда на шефот на државата, Ѓорѓе Иванов, имал средба со две лица чиешто име тука се спомнува, не само Соколи. Два и пол часа. Таа средба е снимена збор до збор. Што барале тие од овие момчиња?“, рече Џезаир Шаќири – Хоџа.

И гостите во вчерашната емисија „360 степени“ отворија вакви дилеми и побараа разјаснување од страна на претседателот Иванов.

Сашо Ордановски, отиде чекор понатаму велејќи дека има најмалку четири средби коишто се документирани од странските служби. Овие материјали, според него, ќе излезат и во јавноста.

Според соговорниците, многу прашања кои се поврзани со полициската акција во Куманово останале неодговорени. Тие констатираат дека еден ваков инцидент токму во ова време ѝ оди во прилог на власта, но и на регионалните геополитички играчи, односно на Русија и Србија.

Бењамин Арифи

Целото издание на емисијата „360 степени“ можете да го погледнете ТУКА.

Извор : Алсат-М