ШОКАНТНА БОМБА НА КОСТАДИНОВ НА ТОП ТЕМА: ВМРО-ДПМНЕ бара од ЕУ да не ни додели датум за преговори

0
308

Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма откри скандал дека опозициската ВМРО ДПМНЕ ги користи своите релации со странските претавници и европратеници за да ги увери дека државата не треба да добие датум за преговори со ЕУ во март, а тоа го правдала со аргументот дека така ќе била фаворизирана одредена партија на изборите.

„Раководството на ВМРО-ДПМНЕ со сите можни сили се обидува пред претставници на меѓународната заедница да направи буквално се, Северна Македонија да не отпочне преговори за членство со ЕУ. Целото тоа деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ имавме можност да го гледаме и во рамки на Собранието, на прес конференции, во изјави… сите добро ја знаеме целта – заштита на криминалот. Во разговори со претставници на меѓународната заедница, во разговори со европратеници тие бараат Северна Македонија да не добие датум за почеток на преговори со ЕУ, заради тоа што преку една таква порака и преку таква позитивна одлука за државата, која што ја чекаме 30 години, за која што се залагаме сите, заради тоа што одлуката можела да се смета како влијание во кампањата или поддршка за СДСМ.“- откри Костадинов.