Вештаците во „Империја“ имаат полни раце работа. Станува збор за околу 100.000 документи.
Обвинители велат дека само за продажбата на „ЗИК Пелагонија“ ќе требаат 3 обвинителства поради многубројните трансакции.
Проценетата штета се мери во десетици милиони евра!
Во продолжението, односно во вториот, понов и посложен дел од истрагата, се намножуваат 15-тина офшор-компании од Белизе, Панама, Сејшели, Британските Девствени Острови, Кипар, Лугано, кои отвораат и затвораат фирми во Македонија.
На пример, основачи на фирмата „Аџибадем Систина“ се „Хоспитал менаџмент груп“ од САД и „Груп оф хоспиталс Корп“ од Панама. Основачи на фирмите „Мала Богородица ДООЕЛ“ се „Центоком“ и „Глобал фајнанс Груп“ од САД. Со нив, со години се прави купопродажба на удели, купување имот, различни други трансфери…
Целата сторија на ПРИЗМА ОВДЕ