ШОКАНТЕН ПРЕДЛОГ НА ОБВИНИТЕЛКАТА ЛИЛЕ СТЕФАНОВА КОЈА ПОБАРА УСЛОВНА КАЗНА ЗА ГОРДАНА ЈАНКУЛОВСКА И МАРТИН ПРОТУЃЕР КОЈ БИЛ СЕМЕЕН ЧОВЕК СО ТРИ ДЕЦА И ИМАЛ НАРУШЕНО ЗДРАВЈЕ А ЗА МИЛЕ МИ ТЕКНА ПОБАРАЛА УБЛАЖЕНА КАЗНА!

0
1212

По денешното признание на вина од осумина обвинети во случајот „Титаник“, меѓу кои и Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески и Мартин Протуѓер, обвинителката Лиле Стефанова побара условни казни за шестмина од обвинетите.

-Како јавен обвинител исклучително го ценам чинот кои овие лица го преземаа и дадоа признание за кривичните дека кои им се ставаат на товар. Признанието само по себе е една голема олеснителна околност и сметам дека судот кога ќе ја утврдува казната да го цени признанието како олеснителна околност. Секој од присутните обвините имаат и свои и олеснителни и отежнителни околности кои судот треба да ги цени кога ќе ја носи пресудата, истакна обвинителката рече Стефанова.

Обвинителката за секој од обвинетите ги наведе олеснителните и отежнителните околности. За Протуѓер посочи дека
е семеен човек, татко на три деца, како и дека има влошена здравствена состојба.

За обвинетиот Миле Јанакиески, кој, исто така, ја призна вината, таа побара од судот да ги цени олеснителните околности и да изрече ублажена казна. Условни казни Стефанова побара и за Гордана Јанкулоска и Билјана Бришковска-Бошкоски кои, исто така, денеска ја признаа вината. Преземањето на дејствија на Јанкулоска како министерка за внатрешни работи, Стефанова ги посочи како отежителна околност.

Обвинетите Мунир Пепиќ, Кире Тодоровски и уште двајца други се, исто така, помеѓу оние кои признаа вина.
Судењето за Никола Груевски, Илија Димовски, Кирил Божиновски и останатите кои не се чувствуваат виновни продолжува на 9 март.

Случајот „Титаник“ го води судијата Осман Шабани, додека, обвинението го застапува обвинителката Лиле Стефанова.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.