Wednesday, April 23, 2025
9.8 C
Skopje

Шилото е тапо, ама прободе!

Македонската државна управа, од министрите во Владата па надолу, брои (плус-минус) некаде околу 4.000 раководители. Тоа се луѓето што ги менаџираат политичките и функционалните процеси во администрацијата, во министерствата, управите, комисиите, дирекциите, јавните претпријатија, регулаторните тела итн. Тоа се оние што се нарекуваат „функционери“. Тие се надлежни за спроведување и реформирање на политиките на власта, за начинот и правецот на трошењето на јавните пари, тоа се оние што имаат возачи и секретарки, кабинети и извесни дискрециски права.

Искачувањето по таа државна пирамида во последните десет години беше сон на голем број партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ (и нивните помали коалициски партнери во власта). Желбата и напорот да се пробијат низ општинските партиски списочиња и пусулчиња, за нивните имиња да се најдат во „тефтерчињата на Гордана“ или на чајанките кај баба Нада и, ултимативно, во телефонскиот именик на Груевски (за, потоа, да го доживеат просветлувањето со добивање СМС-пораки во три часот изутрина од самото партиско божество!), им беше главната животна преокупација. Како што знаеме, на тој пат дострелите на умот котираа помалку од партиската и личната лојалност кон Фамилијата, а семејната припадност во кумско-баџаначките шеми во власта – или сексуалните склоности, во некои случаи – знаеја да донесат повеќе „бодови“ за кариерно напредување од квалификациите или успехот во работата.

Се воспоставија и специфични регрутни центри: Унијата на млади сили на владејачката партија, на пример, обезбедуваше кадри што беа обучувани да ги мразат принципите на либералната демократија еднакво колку што немаа поим од работата што требаше да се раководи („Млади се, ќе научат!“), но кои своето неискуство го компензираа со војничката дисциплина и идолатриската посветеност кон современите партиски икони. Слободоумноста не беше на цена; послушноста доследно се наградуваше. Видете го Диме – и сѐ ви е јасно.

Целата колумна на Сашо Ордановски може да ја прочитате ОВДЕ

ОВАА НЕДЕЛА

ИЗБУВНА ПОЖАР ВО НАСЕЛБАТА ТОЧИЛА 2, ПОВРЕДЕНИ НЕМА ПОЖАРОТ ЛОКАЛИЗИРАН

Украсна ламбичка предизвика пожар во еден стан на први...

ТЕПАЧКА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ, ЛЕТАА БОКСОВИ И КЛОЦИ

Големи редици од автомобили попладнево се создадоа на граничниот...

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ НИКОЛОСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ВИСОКО НИВО НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски,...

ЉУТКОВ ЗА ТВ СИТЕЛ НАЈАВИ УТРЕ ДО 16 ЧАСОТ ПЛАТИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО КУЛТУРАТА

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков се надева...

ХАРВАРД ЈА ТУЖИ АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ТРАМП

Администрацијата на Трамп во март започна со ревизија на...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ